Top Sport

Куман наредил дополнителни тренинзи за Дембеле

Тренерот на Барселона, Роналд Куман му наредил на Усман Дембеле да се појавува на дополнителни тренинзи додека неговите соиграчи добија четири дена одмор, тврди шпанскиот весник „Спорт“.

Францускиот напаѓач е извор на фрустрации на „Ноу Камп“ по неговото пристигнување од Борусија Дортмунд во 2017 година поради слабата форма и честите повреди. Тој нема играно за Барса од минатиот ноември, кога се врати од повреда и пак се повреди на мечот со својот поранешен клуб, Борусија.

Барса се обидоа да го продадат ова лето, но и покрај интересот од Манчестер јунајтед, не можеа да ги убедат „ѓаволите“ на директна продажба.

Според „Спорт“, мерката на Куман не е „казнена“, туку е обид да се врати во форма фудбалерот за кој платија висока сума и останува шести најскап фудбалер во историјата, и да се бори за место во тимот. Филипе Кутињо, Ансу Фати и Антоан Гризман се првиот избор на Куман.

Scroll to Top