Кристијано Роналдо не играше синоќа за Португалија против Шведска, откако ден претходно бил позитивно тестиран на коронавирусот. Роналдо се вратил во Италија и од својот дом ја следеше победата на соиграчите од 3:0.
По повод позитивниот тест на Роналдо на „Инстаграм“ се огласи неговата сестра Катиа Авеиро, која напишала дека коронавирусот е најголема измама во историјата на човештвото.
„Доколку Роналдо е повикан да го разбуди целиот свет, тогаш морам да кажам дека овој Португалец Господ ни го испратил овој Португалец. Благодарам!“, напишала сестрата на Роналдо.
„Веруваме дека денес илјадници луѓе кои силно веруваа во оваа пандемија, во тестовите и мерките за претпазливост, во кои спаѓав и јас, се ќе разберат. Ова е најголемата измама што сум ја видела во својот живот. Ја прочитав реченицата и реков: ‘Престанете да го лажете целиот свет. Луѓе ве молам отворете ги очите“.