Бразилската легенда Назарио Да Лима Роналдо упатлил честитки до Нејмар кој во средата го престигна на вечната листата, на најдобри стрелци во националниот тим. Нејмар забележа хет-трик во победата на Бразил на Перу (4:2) со што во дресот со државниот грб дојде до бројката од 64 гола, два повеќе од Роналдо.
„Нејмар игра многу, асистира, дрибла, постигнува голови. Небо е граница. Летај момче! Живееш убава приказна. Комплетен си“, порачал Роналдо.
„Продолжи да веруваш во својот инстинкт бидејќи талентот никој не може да ти го одземе. Постојат многу рекорди кои треба да бидат урнати. Горд сум што гледам Бразилец на врвот“.
Најдобар стрелец во историјата на Бразиле е Пеле со 77 гола, прашање на време е кога Нејмар ќе го достигне и овој рекорд.