Финасиската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот и неактивноста на трасфер-пазарот во летниот преоден рок донесоа многу проблеми во фудбалскиот клуб Валенсија.
Поради лошата финансиска ситуација славниот шпански клуб летово остана без неколку важни играчи, тимот го напуштија Дани Парехо, Френсис Коклан, Родриго Морено, Феран Торес, Кристијан Пичини, Езекиел Гарај.
Иако новиот тренер Хави Гарсија доби ветување дека на „Местаља“ ќе пристигнат нови имиња тоа не се случи.
Тренерот јавно го искажа незадоволството од работата на клупските челници поради што се закани дека ќе го напушти клубот.
Вчера по претседателот на клубот Анил Мурти „удри“ и еден од најдобрите играчи Жофри Кондогбија.. Наводно во последните часови од преодниот рок клубот го блокирал неговиот трансфер во Атлетико Мадрид.
„Кога успеа да уништиш амбициозен проект, следна цел ти беше да го измамиш тренерот и за крај ме измами и мене. Ти благодарам Анил Мурти“, порачал поранешниот фудбалер на Монако и Интер.
Мурти и сопственикот на клубот Петер Лим се нај омразените ликови кај армијата навивачи на Валенсија.