Вијетнам ќе почека најмалку уште една година за да го има дебито во Формула 1. Трката за Големата награда на Вијетнам која требаше да се вози во април и која беше одложена поради коронавирусот денес и официјално е откажана.
Кога ФИА ја одложи трката во Ханој образложи дека постои можноста таа да се одржи во ноември. Сепак ФИА ја откажа трката бидејќи епидемиолошката ситуација во Виетнам е лоша, во Ханој вчера имало преку 1.000 заразени и 35 починати.
„Ова беше тешка одлука, но поради ситуацијата моравме да донесеме ваква одлука. Безбедноста е најважна“, соопшти ФИА.