Звонимир Бобан во интервју за „Фајненшл Тајмс“ говорел и за не одиграниот натпревар во Загреб помеѓу Динамо и Црвена звезда на 13 мај 1990 година. Натпреварот иако никогаш не се одигра ја обележа кариерата на Бобан.
Многумина велат дека навивачите нереди кои се случија тој ден на стадионот „Максимир“ беа вовед во распадот на Југославија. Бобан стана хрватски херој откако удри полицаец.
„Не сакам да судам за распадот на државата, веројатно и економските проблеми имаа влијание. Режимот не сакаше да прифати нови идеи, тоа беше проблем. Секогаш се обидувам да говорам на темата 13 мај 1990 година. Бев само еден од многуте што направија нешто за идеалите. Тоа беше храбар потег против режимот, ништо повеќе од тоа. Видов што се случува на стадионот, видов голема неправда и реагирав. Откако го удрив полицаецот влегов во соблекувалната на Црвена звезда, сите таму ми беа пријатели. Им кажав да не се грижат дека нормално ќе заминат од стадионот. Хрватскиот патриотизам е дел од целиот мој живот. Не сметам дека Хрватите се подобри од другите, туку едноставно тие се мојот народ. Ништо повеќе од тоа“, рекол Бобан.
На забелешката на новинарот Сајмон Купер дека полицаецот кого Бобан го удри не бил Србин (Рефик Ахментовиќ), поранешниот фудбалер одговорил.
„Тоа не беше потег против Србија, туку потег против режимот. Србија немаше врска со тоа“.