Top Sport

Рен пред публика ќе дебитираат во ЛШ

Натпреварот помеѓу Рен и Краснодар со кој францускиот тим ќе дебитира во Лигата на шампионите ќе се одигра пред публика. И покрај тоа што Франција бројавува голем број на заразени со коронавирусот градските власти дозволиле на овој натпревар да има навивачи на трибините.

Рен на својот профил на Твитер објави дека локалните власти дозволиле на трибините да има 5.000 навивачи.

Инаку, вчера Франција пријави 25.086 заразени со коронавирусот, повеќе заразени пријавија само Индија, САД и Бразил.

Дуелот помеѓу Рен и Краснодар ќе се одигра во вторник, во Е-групата во вториот меч ќе играат Челси и Севилја.

 

Scroll to Top