Големото финале во НБА лигата имало една милијарда прегледи на дигиталните платформи. Во однос на минатата сезона тоа е скок од 17 отсто.
Генерално гледано целата сезона на платформите била прегледана 20 милијарди пати. Комесарот на НБА Адам Силвер е задоволен од овие резултати.
НБА во наредниот период ќе има задача да ја врати гледаноста на телевизиите. Сезоната која поради коронавирусот продолжи во „меурот“ во Орландо, не ги натера гледачите да ја следат на „малите екрани“.