Top Sport

Севилја со играч помалку падна во Гранада

Гранада ја победи Севилја во првиот натпревар одигран во рамките на шестото коло во Примера.

Севилја го доживеа првиот пораз во сезоната, откако не издржаа со играч помалку против квалитетниот тим на Гранада.

Играчот на Севилја Жоан Жордан доби црвен картон на истекот на првиот дел. Жордан, помалку бизарно, во само неколку секунди доби два жолти картони поради стартови врз Роберто Солдадо.

Гранада до победата дојде со голот на Ерера во 82 минута.

Scroll to Top