Top Sport

Квартараро до пол-позицијата во Арагон

Возачот на Петронас Јамаха Фабио Квартараро ја освои пол позицијата во пресррет на утрешната трка за Големата награда на Арагон. Иако имаше тежок инцидент на третиот слободен тренинг, поради што се движи со помош на патерица, Кварараро успеа да биде побрз од конкурентите во борбата за пол позицијата.

До возачот на Петронас Јамаха ќе стартува Маверик Вињалес на фабричката Јамаха. Квартараро беше побрз за 46 илјадити делови од секундата побрз од Вињалес. Првиот ред на стартот го комплетираше Кал Крачлоу на ЛЦР Хонда.

Британецот имаше за 12 илјадити делови од секундата подобро време од Франко Морбидели, кој пак беше подобар од Џек Милер (Прамак Дукати) и Жоан Мир (Сузуки).

Трката за Големата награда на Арагон утре ќе започне во 15 часот.

Scroll to Top