Валенсија го „шутна“ долгогодишниот капитен Дани Парехо поради финансиската криза, па сега тој во жолтиот дрес на Вилјареал им се одмазди на најдобар можен начин.
„Жолтата подморница“ славеше со 2-1 против „лилјаците“ од Валенсија.
Алкасер донесе домашно водство од пенал, а Гуедеш израмни.
Парехо од над 25 метри погоди за конечни 2-1.
Вилјареал е лидер на табелата со 11 бода, еден повеќе од Реал Мадрид.