Млад мексикански кечер, Луис Анхел Салазар (26), починал во рингот од удар во градите.
Борбите на кечерите се шоу за публиката, но некои удари се вистински, односно посилни од вообичаените, но сепак не толку силни за да им наштетат на борците.
Еден таков, малку посилен удар, бил фатален за Салазар. Откако примил удар во градите без свест останал да лежи на подот.
Салазар доживеал срцев удар, лекарите експресно реагирале но тој починал на патото кон болницата.
#LUTO!!! La Lucha Libre está de luto. El luchador Príncipe Aéreo murió de un infarto en plena actuación en una arena de la #CDMX. Tenía 26 años y su carrera iba en ascenso. Al parecer había sufrido un pre infarto antes de la función. Va #video y detalleshttps://t.co/vX8qWPRP5z pic.twitter.com/MrqJvfZQ17
— News San Miguel (@NewsSanmiguel) October 18, 2020