Српскиот центар Никола Јокиќ продолжи да испишува нови страници во историјата на НБА лигата.
Јокиќ во победата на Денвер над Сан Антонио 122:119 имаше трипл-дабл ефект (28 поени, 11 скока, 11 асистенции). За него е ова шестиот ваков ефект во оваа сезона, вкупно 12. во кариерата.
Јокиќ на последните три натпревари оствари трипл-дабл со што стана единствениот играч во историјата покрај Вилт Чемберлен, а е повисок од 208 сантиметри, кој имал вакво оставрување.
Nikola Jokic joins Wilt Chamberlain as the only players in NBA history 6’10” or taller to record 3 straight triple-doubles. Chamberlain had six such streaks during his career, including a 9-game stretch during 1967-68.
via @EliasSports pic.twitter.com/P6hbD6ts2c
— ESPN Stats & Info (@ESPNStatsInfo) February 24, 2018