Милан спектакуларно влезе во новата сезона во Серија А. По победата во градското дерби над Интер (2:1), Милан по четири натпревари има исто толку победи и со 12 поени се наоѓа на челната позиција.
Главна цел на челниците е сезонава Милан да биде меѓу најдобрите четири екипи во Италија, но нивниот поранешен тренер Фабио Каполе смета дека овој Милан може да ја освои титулата.
„Во една ваква необична ситуација, фудбалот се игра без публика, Милан има добри шанси. Пиоли има многу опции, тимот изгледа одлично и најважно е што играчите му веруваат. Погледнете го Ибрахимовиќ. Не само што постигнува голови за победа, туку со својот став го влече напред целиот тим. Доколку сите го следат тогаш имаат шанси за титулата“, рекол Капело за „Газета дело Спорт“, дополнувајќи дека според него први фаворити за скудетото се фудбалерите на Интер.
„Ќе останам кај мојата прва прогноза. Интер е најопасниот тим во лигата, но Конте мора да го раздвижи тимот и да го врати на вистинскиот колосек. Мора да ги убеди оние играчи кои летово беа на трансфер-листата да ги убеди дека се важни за тимот. Интер има страшен потенцијал во нападот, проблем е што на почетокот делуваат неубедливо во одбраната“, заклучил трофејниот тренер.