Лионел Меси е најдобриот играч во светот, тврди неговиот сонародник и соиграч во репрезентацијата на Аргентина, Лаутаро Мартинез во интервју за официјалната интернет страница на УЕФА.
„Лео повеќе го знам како соиграч од репрезентацијата на Аргентина, отколку како ривал“, рекол Лаутаро.
„Го кажав тоа во минатото, ќе го повторам и сега, тој е најдобриот фудбалер во светот. Не прави сите горди фактот што тој е Аргентине, сите учиме од него. Мислам дека тој е ниво над сите. Поинаку ја разбира играта од сите останати, секогаш е чекор пред другите“.
Лаутаро Матинез долго време се поврзуваше со трансфер во Барселона, на крајот тој остана во Интер.