Ливерпул и Брајтон забележаа убедливи победи 4:1 над Вест Хем односно Свонси во 28.коло во Премиерлигата.
Ливерпул барем на 24 часа успеа да го мине Манчестер Јунајтед откако рутински го победи Вест Хем. Емре Џан, Салах и Фирмино му донесоа комотна предност на Ливерпул, потоа Антонио намали на 3:1, а конечниот резултат го постави Мане.
Бормут до 80.минута иамше два гола негатива во дуелот со Њукасл, но на крајот освои еден бод. Гејл ги постигна двата гола за Њукалс, а Борнмут до 2:2 дојде со головите на Смит и Гослинг.
Саутемптон во последната минута успеа да извлече еден бод на гостувањето кај Барнли. Бурнс му донесе водство на домаќинот, а израмни Италијанецот Габијадини.
На останатите натпревари Брајтон славеше над Свонси 4:1, Хадерсфилд го победи ВБА во Бирмингем со 2.1, а Лестер и Стоук одиграа 1:1.