„Пукнало“ во фудбалската селекција на Норвешка, по полуфиналниот бараж во Лигата на нации и елиминацијата од Србија.
Селекторот Ларс Лагербек потврди дека настанала кавга со репрезентативецот Александер Серлот по поразот од Србија пред се затоа што јавноста во земјата има големи очекувања од актуелната генерација на Норвешка предводена од Ерлинг Халанд.
„Толерирам да постојат несогласувања околу профеионални работи. Сепак, Александер изнесе обвинувања кои не се поврзани со фудбалот. Рече дека јас и мојот помошник сме неспособни како тренери“ – изјави норвешкиот селектор.
Тој рече дека потоа фудбалерот се извинил за мир во селекцијата.