Андре Драмонд би може од наредната сезона да го носи дресот на Бостон Селтикс. Бостон пред неколку години направија трејд со Бурклин Нетс, добија неколку пикови во првите рунди на драфтот, во замена за Пол Пирс и Кевин Гарнет. Селтикс бираа паметно на драфтот, донесоа неколку извонредни играчи, меѓутоа никако не успеаваат да дојдат барем до дојдат во позиција да се борат за титулата.
Најслаб дел во тимот е центарската позиција. Токму поради тоа генералниот менаџер Дени Ејнџ ќе се обиде да го донесе Андре Драмонд, кој минатата сезона од Детроит Пистонс се пресели во Кливленд Кавалирс.
Драмонд е одличен центар кој игра во еден од најслабите тимови во лигата. Овој факт говори дека Драмонд би прифатил трејд, прашање е само што ќе понудат Бостон за него.
Драмонд има годишна плата од 28 милиони долари.