Рикардо Кварезма ги предводеше „црните орли“ до 3:1 победа над Фенербахче во истанбулското дерби за на совршен начин да се вратат по 5:0 поразот од моќните Баерн Минхен.
Фернандао ја замолче „Водафон арената“ уште во осмата минута, носејќи изненадувачко водство за Фенер, и таа предност тие ја задржаа до крајот на полувремето, пред Хрватот Домагој Вида да израмни по четири минути во второто полувреме.
Мечот го „сврте“ ѕвездата на Бешикташ, Португалецот Кварезма, кој прво постигна гол за водство во 77. минута, пред да ја запечати победата пред крајот на мечот. Со победата Бешикташ се искачи на третото место во Турската Суперлига, два поени зад Башакшехир и три зад Галатасарај.