Сезоната на РБ Лајпциг одеднаш добива негативен тон, откако минатогодишните вице-шампиони загубија со 1:2 од последнопласираниот Келн во последниот меч од 24-тото коло од Бундеслигата.
Надежта за опстанок во Бундеслигата останува кај „јарците“ откако тие ги однесоа трите поени од „Ред бул арената“ и иако уште се последни со 17 поени, сега се израмнети со Хамбургер и на осум поени од „безбедната зона“.
Жан-Кевин Огустин донесе водство за домаќините по само пет минути игра, но откако Лајпциг пропушти повеќе шанси, на сцена стапија Келн. Винсан Козиело во 70-тата минута и Леонардо Битенкорт само седум минути подоцна донесоа славје во Лајпциг. РБ Лајпциг сега се на шестото место и ги очекува вистински предизвик ако сакаат да обезбедат Лига на шампиони оваа сезона.