Манчестер сити лошо влегоа во новата сезона. „Граѓаните“, во првите пет рунди освоиа само осум поени. Сепак, според англиските медиуми, клупските челници повеќе од лошиот старт ги загрижува потенцијалното заминување од клубот на Пеп Гвардиола.
Договорот на Гвардиола со Сити истекува на крајот од сезоната, а тој се уште не решил дали ќе остане во клубот.
Медиумите шпекулираат двајца тренери можат да го наследат Гвардиола, доколку тој реши да замине.
Маурисио Покетино веќе една година е без работа. Тој ги одби сите понуди, откако доби отказ во Тотенхем.
Јулијан Нагелсман е тренер на лидерот во Бундес лигата, Лајпциг. Нагелсман со „биковите“ минатата сезона играше во полу-финалето во Лигата на шампионите.