Top Sport

Нема договор помеѓу Реал и Серхио Рамос

Нема напредок во преговорите околу новиот договор на Серхио Рамос. Капитенот на Реал има договор со клубот со крајот на сезоната. Двете страни не кријат дека сакаат да ја продолжат соработката, но засега не можат да ги испеглаат разликите.

Серхио Рамос не крие дека намерата му е кариерата да ја заврши во Реал, но исто така не сака да попушти пред барањата на претседателот Флорентино Перез.

Рамос сака да потпише две годишен договор, додека Перез не сака да отстапи од праксата на клубот и на капитенот му нуди договор на една сезона.

Исто така, двете страни не можат да ги договорат ниту финансиските детали.

Серхио Рамос неодамна ги убеди соиграчите да се согласат платите да им бидат намалени за 20 отсто. Со намалувањето на платите Реал заштеди околу 50 милиони евра.

Scroll to Top