Тренерот на кошаркарскиот клуб на Црвена звезда, Душан Алимпиевиќ вели дека единствена причина зошто Перо Антиќ не играл за клубот е повредата и дека воопшто не се вистинити обвинувањата дека има нетрпение и физичка пресметка со капитенот Бранко Лазиќ.
„Мислам дека Лазиќ и јас сме доволно морални личности кога нешто такво навистина би се случило еден од нас да не биде во клубот“, изјави Алимпиевиќ.
Тој исто така реагираше на критиките дека нема добри односи со еден од најискусните во клубот, македонскиот интернационалец Антиќ.
„Јас не можам да го скротам Перо? Што треба да направам, да му ги скршам стапалата? Тој веќе даде многу повеќе од тоа што зборувавме телефонски кога дојде. Човек со голема кариера и три освоени титули од Евролигата. И сега јас треба да му го скршам стапалото само да игра? Не ми паѓа на памет“, вели Алимпиевиќ.
И Антиќ се согласува со својот тренер.
„Имаме доверба во Дуле. Тој е нашиот тренер и работиме по неговите упатства, без разлика на различните мислења. За онаа видео-снимка, веќе се извинив на клубот. Некој сака да споредува раѓање на ќерка со тоа дека ја страдам поради купот во алкохол и цигари. Тоа се обични лаги“, вели Антиќ.
Видеото за кое зборува Антиќ е тоа како тој е во кафеана со цигара во раката и со алкохол..
Watch video!