Луис Хамилтон, со победата на Големата награда на Португалија, стана најуспешниот возач во историјата на Формула 1. Британецот ја забележа 92 победа и на вечната листа има еден триумф повеќе од Михаел Шумахер. На крајот од оваа сезона Британецот ќе се израмни до германецот и според бројот на шампионските титули. Никој во Формула 1 не се сомнева дека Хамилтон ќе ја освои седмата шампионска титула.
Откако Хамилтон го собори рекордот на Шумагер во Ф1 започна дискусијата кој од овие двајца е подобар возач.
Свое мислење на оваа тема има Фелипе Маса. Бразилецот еден период возеше заедно со Шумахер во Ферари. Тој смета дека е тешко да се споредат овие двајца возачи.
„Никогаш не сум бил со Луис во иста екипа, а тоа е неопходно за навистина да ги видите сите квалитети на еден возач. Ми делува дека Михаел подобро го познаваше болидот. Разбираше се околу возилото, додека имам впечаток дека Хамилтон не поминува толку време со механичарите“, рекол Маса.
Кога станува збор за возачките квалитети тука според Маса предноста е на страната на Хамилтон.
„Талентот е на страната на Хамилтон. Иако не се занимава толку многу со техничките работи како што тоа го правеше Михаел. Неговото возење е речиси совршено“.
Бразилецот вели дека талентот на Хамилтон бил очигледен од моментот кога, во 2007 година, влегол во Формула 1.
„На ја освои титулата во својата прва сезона, бидејчи немаше среќа и искуство. Раиконен за еден поен беше пред него. Меѓутоа, беше подобар од тимскиот колега Фернандо Алонсо, кој таа година ја бранеше титулата“.