Top Sport

Кејн е најдобрата „деветка“ во Премиер лигата

Капитенот на Вотфорд, Трој Дини, за „talkSPORT“, ги избрал најдобрите „деветки“ во Премиер лигата. Најдобар центарфор во лигата, според Дини е Хари Кејн од Тотенхем. Во неговиот избор се уште и Роберто Фирмино, Раул Хименез, Џејми Варди и Серхио Агуеро.

„Роберто Фирмино е нова „деветка“. Не постигнува многу голови, со оглед на тоа за каков тим настапува, меѓутоа одлично ја поврзува играта, тој им овозможува на Салах и мане да постигнат голем број на голови.

Раул Хименез е одличен напаѓач, ја поврзува играта, поостигнува голови со левата и десната нога. Мислам дека може уште да напредува. Исто така може да покрие повеќе позиции. Вулвс теѓко ќе го задржат доколку во наредниот период не бидат во првите шест екипи.

Трето место, Џејми Варди. Мислам дека е опасен за секоја екипа. Го видовме тоа и против Манчестер сити и против Арсенал. Без него Лестер изгледа сосема поинаку. Тој во тимот го има оној инстинкт на „убиец“, брилијантен е во завршницата.

На местото број два е Серхио Агуеро. Тој секогаш се наоѓа на вистинското место. Десна нога, лева нога, дриблање. Тој е причината за успесите на Манчестер сити, мислам дека уште некое време ќе биде тука, потоа Жесус ќе ја преземе неговата улога.

Ина првото место, Хари Кејн. Сметам дека во овој момент тој е најдобрата „деветка“ во Премиер лигата. Можеби, заедно со Левандовски и Бензема е најдобриот во светот. Постигнува многу голови, напредуваше во играта, ќе биде уште подобар. Мислам дека е одличен капитен и во клубот и во репрезентацијата“, рекол Дини.

 

Scroll to Top