Тренерот на РБ Лајпциг, Јулијан Нагелсман признава дека ќе има „незгодно“ среќавање со Оле Гунар Солскјер во Лигата на шампионите во средата, и дека ќе има желба да му „влезе“ со лизгачки за неговиот најславен гол.
Нагелсман порасна како навивач на Баерн Минхен и го следел финалето од ЛШ во Барселона ,еѓу Манчестер јунајтед и Барселона во 1999 година, кога Баерн водеа со 1:0 до 90-тата минута, пред Теди Шерингам да израмни, а потоа Солскјер да го постигне својот најславен гол за титула во еден од најдраматичните мечеви во историјата.
„Прво кога ќе го видам утре, ќе влезам со лизгачки! Не бев најсреќен од тоа што го направи. Мојот татко беше навивач на Гладбах и ме нервираше што Баерн изгубија, но јас не бев среќен. Шегата на страна, ќе се сретнам со него на нормален начин. Рајан Гигс, Рио Фердинанд, Пол Сколс, Руд ван Нистелрој, Оле Гунар Солскјер… Тој Јунајтед имаше големи играчи. Клуб со огромна традиција“, вели Нагелсман.