Милан и Рома, во понедлникот, со спектакуларен натпревар (3:3), го затворија петтото коло во Серија А. Покрај одличната партија на фудбалерите на двата тима, на теренот „блескаше“ и судијата Пјеро Џакомели.
Неколку одлуки на судијата Џакомели беа диксутабилни, а особено се издовојуваат пенали што ги досуди.
Најпрвин дуелот на Педро и Бенасер го окарактеризира како прекршок и досуди пенал за Рома. Неколку минути подоцна реши да компензира па досуди непостоечки пенал за Милан по дуелот помеѓу Манчини и Чалханоглу.
Во двете спорни ситуации Џакомели не побарал помош од ВАР-асистентот.
Серија А ги казни со два натпревари Џакомели и неговиот помошник Луиџи Наско. Откако ќе им помине суспензијата тие ќе продолжат да судат во Серија Б.