Кристијано Роналдо преку „Инстаграм“ на фановите им порачал дека се чувствува добро. Португалецот е во самоизолација поради позитивниот тест на коронавирусот.
Со вирусот се заразил пред две недели на репрезентативните настапи за Португалија. Тој играше против Шпанија и Франција, а поради позитивниот тест го пропушти натпреварот со Шведска.
Вчера му бил направен уште еден тест, но и тој бил позитивен.
„Се чувствувам добро, здрав сум! Напред Јуве!“, напишал во коментарот, а подолу порачал и што мисли за коронавирусот.
„ПЦР тестот е ср..е“.
Поради позитивниот тест тој нема да игра вечерва против Барселона, во Лигата на шампионите.