Германскиот тенисер, Александер Зверев наскоро ќе стане татко затоа што, сега веќе неговата поранешна девојка, Бренда Патеа објави дека е бремена. Она што фрла сенка на целата приказне е што паров во август годинава ја прекина врската, откако 1 година се забавуваа.
Тие двајца моментно не се во контакт, а Бренда изјави дека не сака да го одгледува детето со тенисерот.
„Бремена сум 20 недели и очекувам бебе со Алекс. Ние имавме различни погледи на животот и поради тоа раскинавме. Секој кој живее покрај спортист мора да се потчини на друг начин на живот. За мене не доаѓа во предвид да го одгледуваме тоа дете заедно. Не планиравме деца, но ќе сторам се тоа да расте во хармонија, во добра позиција сум сама да се грижам за него“ вели манекенката.
Останува отворено прашањето како оваа вест ќе влијае во професионална смисла на седмиот светски тениски рекет кој во последниот период игра одлично, па по финалето на САД опен, освои и две титули во Келн.