Тренерот на Интер, Антонио Конте на Инстаграм го откри својот „втор дом“, канцелиријата во тренинг-центарот на клубот, каде што ја подготвува својата стратегија.
Во малата соба има голем сет „Субутео“ за фудбалска тактика, бели табли, и „досие“ за следниот противник во Серија А, Парма.
„Мојата канцеларија. Мојот втор дом. На работа“, напиша Конте.