Второто сезонско „Ел калсико“ во Ла Лига, фудалерите на Барселона и Реал Мадрид ќе го одиграат во „нормален“ термин.
Барселона ќе биде домаќин на натпреварот на 6.мај, а на задоволство на фудбалските фанови во Европа, фдбалерите на „Ноу Камп“ ќе истрчаат во 20:45 часот.
Претходните неколку пресметки на најголемите шпански ривали се играа во термини кои беа прилагодени според потребите на маркетинг пазарот во Азија и САД.
Првиот сезонски дуел во Ла Лига заврши со победа на Барселона 3-0 на „Сантијаго бернабеу“ во Мадрид.