Top Sport

„Јунајтед можат 15 или 20 години да чекаат на титулата во Премиер лигата“

Играчот со најмногу одиграни натпревари за Манчестер Јунајтед во клупсkата историја и кој беше дел на една од најславните генерации на клубот од „Олд Трафорд“, Рајан Гигс, е песимист кога е во прашање клупската иднина.

Манчестер Јунајтед последен пат биле шампиони во Премиер лигата со Алкес Фергусон, во сезоната 2012/2013.

„Би можеле да поминат 15 или 20 години до наредната титула, особено ако Јирген Клоп и Пеп Гвардиола останат на своите позиции“, рекол Гигс во „подкастот“ на Џејми Карагер.

„Јунајтед има ресурси и фудбалери кои можат да постигнат големи успеси, но во минатото такви работи имаше и Ливерпул, па од 1990 година ја немаа освоено титулата. Дури и на Клоп му беа потребни четири и пол години за да дојде до титулата. Секој менаџер мисли дека ќе ја освои титулата кога ќе добие работа во голем клуб, но не е секогаш така“.

Гигс, дресот на Јунајтед го носел во периодот од 1994 до 2014 година. Од 2018 година е селектор на Велс.

Scroll to Top