Фудбалерот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, успешно бил опериран во петокот, соопшти клубот од Енфилд.
Ван Дајк се повреди пред две недели, на натпреварот со градскиот ривал Евертон, кога врз него невнимателно стартуваше голманот на „карамелите“, Џордан Пикфорд.
Во дуелот со голманот Пикфорд, Ван Дајк ги скинал предните вкрстени лигаменти во коленото.
Операцијата била извршена во Лондон.
Ливерпул не соопшти кога Ван Дајк би можел да му се враи на фудбалот. Според шпекулациите за него оваа сезона е завршена.