Фудбалскиот клуб Милан соопшти дека голманот Џиџи Донарума и напаѓачот Јенс Петер Хауге повеќе не се заразени со коронавирусот.
Овие двајца фудбалери беа позитивни на тестирањата во понеделникот, поради што ги пропуштија натпреварите со Рома (3:3) во Серија А и Спарта Прага (3:0) во Лига Европа.
„Донарума и Хауге немаа никакви симптоми, сега добија негативни резултати. Ги известивме здравствените органи и тие двајца можат да се вратат во тренажниот процес“, стои во клупското соопштение.
Ден претходно Милан објави дека повеќе не е заразен и Матао Габија.