Повратникот на клупата на Бенфика, контроверзниот Жорж Жесус, бил задоволен од победата на неговиот тим над Стандард, во Лига Европа, но не го прифатил комплиментот од Меди Карсела, кој тимот од Лисабон го споредил со Барселона.
Фудбалерот на Стандард по натпреварот рекол дека Бенфика игра како Барселона.
„Жесус сака неговиот тим да го има поседот на топката. Во првиот дел не можевме да дојдеме до неа. Со Пици и Тарабт, Бенфика изгледа како Барселона“, рекол Карсела.
„Нема да кажам дека личиме на Барса, бидејќи Барселона не личи на ништо. Можеби изгледаме како онаа Барселона од пред неколку години, оваа сегашна Барселона ништо не вреди“, му одговорил Жесус.
Бенфика во Лига Европа е прва во групата пред Ренџерс, Лех и Стандард, додека во португалското првенство е на првото место со два поени повеќе од Спортинг.