Андреј Рубљев и Лоренцо Сонего ќе се борат за титулата на АТП турнирот од серијата 500 во Виена.
Кевин Андерсон од Јужна Африка му го предаде полу-финалето на Рубљов при резултат 1.0 во сетови и 4:1 во вториот сет за рускиот тенисер.
Рубљов, утре пртив Сонего, ќе има можност да ја освои петтата титула оваа сезона, претходно победи на турнирите во Доха, Аделаида, Санкт Петербург и Хамбург.
Италијанецот, Сонего, по вчерашната сензационална победа над Новак Ѓоковиќ, лесно се справи и со Британецот Дан Еванс. Сонего за 80 минути игра го совлада Еванс со 6:4, 6.3.
За Италијанецот ова ќе биде второ финале во кариерата. Инаку, Сонего, на турнирот во Виена се пласираше како „лаки лузер“.