Top Sport

Гигс: На Сити им требаат титули да се меѓу најдобрите

Рајан Гигс прати „порака“ до Пеп Гвардиола и Манчестер сити – треба да освоите уште многу титули за да можете да бидете сметани за најдобриот тим во историјата на Премиер лигата.

Манчестер сити ја освоија титулата од Лига купот во текот на викендот, а потребни им се уште шест победи во последните 11 меча за титула од Премиер лигата, а многу набљудувачи се импресионирани од начинот на игра на „граѓаните“.

Сепак, Гигс, кој освои 13 титули од Премиер лигата со Манчестер јунајтед, вели дека „чудесната сезона“ треба да се поткрепи со уште титули за да се „прими“ Сити во елитната група на најдобри тимови во ПЛ: тимот на Јунајтед од 1999 кој освои тројна титула, „непобедливите“ на Арсенал и првиот состав на Челси под водство на Жозе Мурињо.

„Во моментов тие се горе поради перформансите и резултатите кои ги покажаа оваа година. Но, да се споредат со нас, со Арсенал и со Челси треба да освојат многу титули, да бидат постојани, а не да имаат една чудесна сезона, каква што имаат. Нема сомнеж дека се способни да го направат тоа, но и има и други клубови – Јунајтед, Ливерпул, Челси, Тотенхем кои имаат големи амбиции и сега се пред предизвик“, вели Гигс, кој сега е селектор на Велс.

Тој потсетува дека „менталитетот“ се менува кога ќе станеш актуелен шампион.

„Тоа е тешко. Ние во Јунајтед чувствувавме разлика кога игравме против тимови кои сакаат да го победат шампионот. Притисокот расте, за менаџерот и за фудбалерите. Јунајтед оваа година? Изгледаат добро и мислам дека ќе бидат во топ 4, ќе имаат добар настап во Лигата на шампионите и го освојат ФА купот, тоа ќе биде добра сезона“, додава Гигс.

Scroll to Top