Монако стигна до убедлива 4:0 победа над Бордо во дербито на деветтото коло во француската Лига 1 на неверојатен начин, откако во првото полувреме чудесно успеаја да им дадат три гола за само три минути.
Висам Бен Једер во 28. минута беше прецизен од белата точка за 1:0, само две минути подоцна Желсон Мартинс, за во 31. минута Кевин Воланд да го комплетира „колапсот“ на Жирондинците. Воланд во 58. минута зголеми на 4:0 за целосна доминација на тимот на Нико Ковач.
Со победата, Монако ја прекина низата од три меча без победа, и се искачи на 7. место на табелата со 14 поени, додека Бордо се на 12. место со 12 поени.
ЛИГА 1, 9.КОЛО
Монако – Бордо 4:0
Сент-Етјен – Монпелје 0:1
Анжер – Ница 0:3
Дижон – Лориен 0:0
Ним – Мец 0:1
Ремс – Стразбур 2:1