Top Sport

Федерер „претплатен“ на наградите Лауреус

Легендата на светскиот тенис, Роџер Федерер придружуван од принцот Алберт и принцезата Шарлин, ги доби својата петта и шеста награда Лауреус за да стане најуспешен во историјата на наградите доделени од спортската академија.

Федерер во категоријата спортист на годината го совлада Рафаел Надал и Кристијано Роналдо, а покрај тоа ја доби наградата за кам-бек на годината откако во 2017 ги освои Австралија опен и Вимблдон.

„Ова е многу посебен момент за мене. Сите знаат колку ги вреднувам моите Лауреус награди, и тоа што добивам уште две е навистина голема чест за мене. Годината беше неверојатна за мене. Кога ја освоив првата награда во 2005 не ми се веруваше дека ќе добијам уште една“, изјави Федерер по церемонијата во Монако која ја водеше славниот британски актер, Бенедикт Камбербач.

И кај дамите тенисерка ја доби наградата – Серена Вилијамс, откако Американката победи на Австралија опен за своја 23. гренд слем титула, по што се породи со својата прва ќеркичка. Таа има пет статуетки.

Голферот Серхио Гарсија стигна до втора награда, 18 години откако во 2000 беше прогласен за најдобар нов спортист, откако доби награда за „пробив“ на годината по трофејот од Мастерсот во 2017.

Ф1 шампионите Мерцедес ги победија Реал Мадрид и Голден Стејт вориорс за да бидат прогласени за тим на годината по четвртата титула во низа.

Scroll to Top