Top Sport

Несторовски со супер-гол го „стресе“ Асколи (видео)

Палермо ја прекина лошата низа и победи првпат по пет натпревари во италијанската втора лига, откако со 4:1 го совлада Асколи, а македонскиот голгетер Илија Несторовски го постигна последниот гол за тимот од Сицилија.

Откако долго време беа лидери во Серија Б, Палермо влегоа во лоша серија со три порази и едно реми, за конечно да се вратат на победите против Асколи.

Меѓутоа, воопшто не беше лесно – гостите, инаку на претпоследното место, поведоа во 42. минута од мечот за на полувреме да заминат со предност. Паузата како да ги „разбуди“ домашните фудбалери, кои доминираа во второто полувреме и постигнаа четири гола – два преку Рисполи, еден на Коронадо и еден на Несторовски – прекрасен гол од слободен удар во 83. минута.

Палермо сега се на третото место во лигата со шест поени помалку од лидерот Емполи, но со добри шанси да се борат за враќање во Серија А доколку избегнат кризи како февруарската.

Scroll to Top