Top Sport

Валенсија во 100. минута се спаси од пораз

Валенсија и Хетафе одиграа нерешено 2:2 во последниот натпревар одигран во рамките на осмото коло, во Ла Лига. Двата гола на овј меч паднаа длабоко во судиското надополнување на времето.

Валенсија имаше предност од 22 минута, кога 17 годишниот Јунус Муса истрча 50 метри со топката и го совлада Сорија. Домашниот тим во 56 минута остана со играч помалку на теренот. Поради два жолти картони беше исклучен Кореија.

Во 87 минута, предноста од играч повеќе Хетафе ја материјализираше со голот на Кучо Ернандез. Нов шок Валенсија доживеа во 95 минута, кога Анхел погоди за целосен пресврт.

И тука натпреварот не заврши, во 100 минута Дамијан Суарез направи фаул за пенал, врз сонародникот Макси Гомез, а Карлос Солер ги постави конечните 2:2.

Валенсија има осум поени и се наоѓа на 13 место, додека Хетафе со три бода повеќе ја држи 11 позиција.

Scroll to Top