Маркус Рашфорд признава дека маките на неговиот Манчестер јунајтед се „срцепарателни“, но ветува дека тимот ќе се крене по последните лоши резултати.
„Ѓаволите“ загубија дома од Арсенал со 0:1 во неделата, откако претходно ги победија Њукасл, Пари Сен-Жермен и РБ Лајпциг, продолжувајќи ја лошата домашна форма во Премиер лигата. Во последните два меча на „Олд Трафорд“, против Челси и Арсенал, Јунајтед имаа само шест удари на голот.
„Ова го правам од моето детство и сакам да го правам. Да не оди како што треба, како што е во моментов, навистина ми го крши срцето. Мислам дека ова е период во кој мораме да се вратиме на основата и да победуваме на мечеви. Не беше лесно. Мораме да останеме обединети и да најдеме начин да ја вратиме самодовербата“, вели Рашфорд за официјалниот веб-сајт на Јунајтед.