Маурисио Почетино вели дека е подготвен да се врати на тренерската работа, речиси една година откако беше отпуштен од Тотенхем, откако англиските медиуми веќе го поврзуваат со нестабилното место на Оле Гунар Солскјер на чело на Манчестер јунајтед.
Аргентинецот се врати во Англија оваа недела, кога беше посебен гостин на менаџерот на Лидс и негов сонародник Марсело Биелса, а по заминувањето од Тотенхем беше поврзуван со повеќе клубови, како Реал Мадрид, Јувентус и Пари Сен-Жермен, но по шест сезони во Премиер лигата, тој би сакал да се врати во Англија.
„Тука открив фантастични луѓе, фантастична култура и заљубен сум во Англија. Во секој момент бев подготвен да се вратам во спортот. Го сакам фудбалот, тој е мојата страст, мојата работа. Не е стрес кога работиш, кога тренираш, кога се подготвуваш. Сакам повторно да бидам вклучен во фудбалот и ми недостига“, вели Почетино за „Скај спортс“.
? – 'I'm always ready to be involved in the game!'
Mauricio Pochettino insists he is ready to return to football and is 'looking forward'…?
Watch #MNF live on Sky Sports Premier League now! pic.twitter.com/zzo1LoQD1S
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) November 2, 2020