Top Sport

Унион Берлин со комичен гол извлече триумф кај Хофенхајм

Хофенхајм загуби дома со 1:3 од Унион Берлин и покрај тоа што успеа да се врати во игра со играч помалку во понеделничкиот последен меч од шестото коло во Бундеслигата.

Гостите успеаја да стигнат до водство во 59. минута од пенал, кога Данецот Роберт Сков доби црвен картон за грубиот старт, а ветеранот Макс Крузе беше сигурен од белата точка. Израелецот Мунас Дабур се најде на виситнското место по одличната акција на Хофенхајм во 80. минута за да израмни, меѓутоа Џоел Похјанпало во 85. минута со комичен гол ја врати предноста на гостите. пред Седрик Тојхерт во 93. минута да ги постави конечните 1:3.

Со победата, Унион скокна на осмото место на табелата со 9 поени, додека Хофенхајм се на 12. место со седум освоени поени.

Scroll to Top