Договорот на Серхио Рамос со Реал истекува во јуни наредната година. Барсем засега нема напредок во преговорите околу продолжувањето на соработката. Рамос бара две годишен договор и плата од 12.000.000 евра, додека претседателот Флорентино Перез му нуди само едно годишна соработка.
Познатиот шпански новинар, Едуардо Инда, во емисијата „Чирингито“, објави дека Рамос веќе добил две понуди да го напушти Реал Мадрид.
Инда тврди дека ПСЖ и Јувентус биле подготвени да ги исполнат барањата на кои Реал не се согласува.
Дел од шпанските медиуми тврдат дека ова е само трк на Рамос и неговиот менаџер, во обид да се натера Реал да ги прифати нивните барања.