Фудбалерите на Барселона, во саботата, не успеаја да го победата Алавес. Натпреварот во Виторија заврши без победник 1:1. По мечот челниците на Барселона повторно го критикуваа судењето. Уверени се дека постои судиска завера против клубот.
Алавез по првиот дел имаше предност, по грешката на Пике и пред се на голманот Нето, Риоха постигна гол. Во овој дел од мечот Меси имаше среќа и доби само жолт картон, иако со топка се обиде да го погоди судијата Алехандро Хернандез Хернандез.
Камерите уловија интересен разговор помеѓу судијата и играчот на Барселона Пике, во паузата помеѓу двете полувремиња.
„Кога ти нешто не сакаш, тогаш навистина не сакаш“, рекол Пике, а судијата Хернадез Хернандез му одговорил.
„Што има ти да се жалиш? Секогаш ти имаш нешто да кажеш. Прави шоу од сè, вака не се разговара. Не сакам шоу-програми“.
Мечот на крајот заврши 1:1. Гризман израмни, а Барса не успеа да постигне уште еден гол, иако 30 минути имаше играч повеќе на теренот.