Top Sport

Ван Гал: Го тегнев Лука Тони за уши

Холандскиот стратег Луј Ван Гал во разговор за германски „Билд“ открил зошто додека бил тренер на минхенски Баерн решил да го продаде напаѓачот Лука Тони.

Однесувањето на Италијанецот била единствената причина поради која Ван Гал не го сакал напаѓачот во тимот. Поради тоа Тони во 2010 година замина до Баерн.

„Го влечев за уши бидејќи беше многу несериозен за време да оброците. Не ме почитуваше мене, не ги почитуваше соиграчите. Такви работи во тимот се неприфатливи. Кај мене важи правилото дека никој не е поважен од тимот“, рекол Ван Гал.

Лука Тони три сезони играше за Баерн (2007-2010), на 60 натпревари постигнал 38 гола.

Scroll to Top