Ракометната репрезентација на Босна и Херцеговина ќе ора да ги одигра натпреварите против Германија и Австрија, во квалификациите за пласман на Европското првенство. ЕХФ негативно одговори на нивното барање да им бидат одложени овие натпревари, бидејќи четворица играчи се заразени со коронавирусот.
Селекторот на БиХ против Германија и Австрија на располагање ќе им 10 играчи и еден голман.
„Срамна одлука на ЕХФ. Одличија да играме со Германија иако имаме само 11 ракометари. Им кажавме дека на фудбалски терен има повеќе играчи. Тие решија дека тоа е доволно. Десет играчи, а јас сум единствениот голман. Досега не сум слушнал дека нешто вакво се случило во ракометот. Ова е уште една неправда која ние е нанесена во последните години“, рекол голманот на БиХ, Бенјамин Буриќ.
Билал Шуман, селекторот на БиХ, пред почетокот на подготовките остана без капитенот Мирсад Терзиќ, Дејан Малиновиќ, Дино Хамидовиќ, Марин Вегар и Марко Тарабокија. Од спискот отпаднаа Марко Паниќ и Владимир Врањеш, бидејќи нивниот тим Брест се наоѓа во изолација.
На подготвките Шуман имаше 15 ракометари, но во меѓувреме четворица се заразија со коронавирусот.