Top Sport

„Рој Кин секогаш бил јак на зборови“

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, не го есапи Рој Кин, кој е најголемиот критичар на екипата од „Олд Трафорд“. По неделниот пораз од Арсенал (0:1), Кин изјави дека Солскјер ќе добие отказ бидејќи во тимот нема квалитени играчи.

„Рој секогаш бил јак на збориви. Мене ми е драго што ги имам овие фудбалери на располагање“, рекол Солскјер и дополнил.

„Јас и тој имаме работни места. Работата на Рој е да го кажува своето мислење (тој е стручен коментатор на Скај Спорт). Слушам што зборува, но јас сум тој што работи со овие играчи, верувам дека ова е силен тим. Сигурен сум дека на Кин и на сите критичари ќе им одговориме со игрите на теренот“.

Прилика за нешто такво Јунајтед ќе имаат вечерва против Башакшехир во Лигата на шампионите. Дуелот во истанбул ќе започне во 18.55 часот.

Scroll to Top