Фудбалската икона на Аргентина, Диего Армандо Марадона, во текот на ноќта имал успешна 80 минутна операција на мозокот. Марадона имал „субдурален хематом“, поради што лекарите морале итно да го оперираат.
Пред клиниката во која била извршена операцијата, се собрале голем број на негови фанови, а вистинска лудница настанала кога, личниот доктор на Марадона, Леополд Луке, излегол да им соопшти дека операцијата минала успешно и дека фудбалерот се одмора во својата соба.
Марадона по титулата која и ја однесе на Аргентина, на Светското првенство во 1986 година, има стаус на божество во оваа земја.
Fans celebrated outside the hospital after news that Maradona’s brain surgery was a success ? pic.twitter.com/NN0smoE74I
— ESPN FC (@ESPNFC) November 4, 2020